„Украинското регулаторно тело официјално ја известило ИАЕА дека на 16 април 2022 година, видеонадзорот на самото место снимиле проектил што прелетал директно над нуклеарната централа Јужна Украина. ИАЕА го истражува ова прашање, што, доколку се потврди, би било екстремно сериозно. Ако таквиот проектил залутал, можело да има сериозно влијание врз физичкиот интегритет на нуклеарната централа и потенцијално да доведе до нуклеарна несреќа“, рече Гроси.
Гроси не кажа кој ја испукал ракетата, но Киев претходно ја обвини Москва дека испраќа проектили директно над нуклеарните централи.