Шефот на хрватската полиција објави нови детали: Напаѓачот пукал во уште двајца полицајци

Директорот на хрватската полиција објави нови детали за денешниот напад на Марков трг во центарот на Загреб.

EPA-EFE

Утринава околу 8 часот 22-годишниот Даниел Безук пред влезот во зградата на влада со повеќе куршуми рани полицаец, па 20-тина минути подоцна се самоуби.

„Полицијата ја утврдува трасата на движење, немало претходно загрозување на граѓани, оружјето не било носено видливо по градот“, изјави Никола Милина.

Директорот на хрватската полиција демантираше дека напаѓачот го држел оружјето на количка, но откри дека, освен во ранетиот полицаец, пукал во уште двајца полицајци.

„Видов секакви објави, немаше оружје на никаква количка. Вториот полицаец возвратил, употребил огнено оружје. Напаѓачот употребил огнено оружје кон повредениот полицаец и уште двајца полицајци. Тројца полицајци всушност биле загрозени – ранетиот полицаец, вториот кој возвратил на пукањето, и уште еден полицаец кој работел на надворешно обезбедување на штитените објекти“, кажа Милина.

Тој додаде дека, што се однесува до мотивот, нема информации дека некој од полицајците на Марков трг бил лична мета.

„Засега немаме индиции дека кој било полициски службеник, па и повредениот бил непосредна мета или лично бил поврзан со напаѓаќот“, кажа тој.

Истакна дека засега не може да зборува за тоа дали намерата на напаѓачот била да влезе во зградата на влада, како ни за мотивот.

„Напаѓачот имал оружје, било важно да се спречи понатамошно загрозување на граѓаните“, одговори на прашањето зошто на полицаецот први му помогнале адвокат и продавачка кои се затекнале на местото на настанот.

Полицаецот кој беше ранет во нападот е опериран и состојбата му е стабилна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе