Шефот на хрватската дипломатија: Го поддржуваме членството на Финска и Шведска во НАТО

Министерот за надворешни и европски прашања Гордан Грлиќ Радман изјави дека Хрватска го поддржува влегувањето на Финска и Шведска во НАТО и дека тоа прашање не може да се врзува со БиХ.

EPA-EFE

Грлиќ со тоа на новинарите во Загреб им одговори на оценката на претседателот на државата Зоран Милановиќ дека треба да се блокира пристапот на тие земји во НАТО сè додека не се смени изборниот закон во Босна и Херцеговина.

„Можното членство на Шведска и Финска не е поврзано со БиХ“, истакна Грлиќ Радман додавајќи дека Хрватска „повторно мора да црвенее“ поради изјавите на Милановиќ.

Тој кажа дека поради изјавата на Милановиќ примил доста повици, меѓу другите и со финскиот колега и шведската министерка кои изразиле загриженост.

Шефот на хрватската дипломатија истакна дека Хрватска води политика на „отворени влади“ имајќи на ум дека Финска и Шведска се земји партнери со кои Хрватска е компатибилна во воена и политичка смисла.

„Мислам дека членството на Шведска и Финска во НАТО ќе придонесе на јакнењето на нашиот сојуз бидејќи тие земји и така се повикани и учествуваат на состаноците како земји партнери“, кажа Грлиќ Радман. Тој истакна и дека Хрватска секогаш ја имала поддршката од тие држави околу БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе