Германија се обидува да се справи со приливот на околу 800.000 до милион емигранти оваа година, од кои многумина доаѓаат од воените жаришта на Блискиот Исток, а државните функционери отворено се загрижени поради потенцијалното јакнење на екстремната десница меѓу Германците.
„Безбедносната ситуација се влошува со зголемувањето на бројот на бегалци кои влегуваат во земјата“, изјави Мунх за неделникот Фокус. „Конфликтите меѓу азилантите се сѐ почести, а расположението меѓу десничарите е сѐ „позапалливо“. Оваа динамика ме загрижува, а состојбата е тешка и напната“.
Мунх откри дека бројот на напади на прифатилиштата за емигранти тројно се зголемил од почетокот. Во текот на целата мината година биле евидентирани само 198 такви напади, додека годинава се случиле 600, а 543 напади биле извршени од десничарите.
Загриженоста поради начинот на кој Германија ќе се „носи“ со приливот на бегалци ја намали поддршката на конзервативците за канцеларката Ангела Меркел и предизвика кавга со сестринската партија, Кристијанско-демократската унија која е на власт во Баварија, сојузната држава преку која во земјата влегуваат повеќето бегалци.