Шефот на германската дипломатија отпатува во Израел, ќе лобира против анексијата на окупираните територии

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас отпатува денес во Израел каде што премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе го предупреди да не ја спроведува анексијата на окупираните делови од Западниот брег.

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Планираната анексија на еврејските населби и долината на реката Јордан е дел од контроверзниот блискоисточен план на американскиот претседател Доналд Трамп, кој Палестинците го отфрлија и претставија контрапредлог на Квартетот (ЕУ, ОН, Русија и САД), кој предвидува создавање „суверена, независна и демилитаризирана палестинска држава“.

Мас во Израел, каде што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Габи Ашкенази и министерот за одбрана Бени Ганц, ќе го пренесе ставот на Европската Унија.

Брисел решително се противи на анексијата, кажа шефот на германската дипломатија, која на 1 јули го презема претседателството со Унијата.

Тоа значи дека Берлин ќе игра клучна улога во одлучувањето за тоа дали ЕУ ќе му наметне санкции на Израел.

Мас е првиот шеф на дипломатија кој го посетува Израел откако на 17 мај беше претставена новата коалициска влада, предводена од Нетанјаху, и тој својот предлог за анексијата треба да ѝ го претстави на коалициската влада или во парламентот на 1 јули.

Германскиот министер за надворешни работи потоа треба да го посети Јордан, каде преку видео-врска ќе разговара со палестинскиот премиер Мохамед Штајех.

Посета на Мас на палестинската власт со седиште во Рамала не е можно „поради сложените околности“ поради пандемијата, изјави портпаролот на германското министерство за надворешни работи.

Штајех, кој израелскиот план за анексија го нарекува „егзистенцијална закана“, вчера кажа дека Израел „не му дозволува“ на Мас посета на Рамала, што „не е добар знак“.

„Ја знаеме историјата на германско-еврејските односи. Знаеме колку е тоа чувствително прашање“, изјави палестинскиот лидер и додаде: „Но тоа не смее да биде на штета на палестинските права“.

Израелскиот амбасадор во Германија Џереми Исакароф ја поздрави посетата на Мас како знак дека двете земји имаат тесни врски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе