Шефот на германската дипломатија: Не смееме да ѝ извезуваме оружје на Саудиска Арабија

Германија не смее да одобрува продажба на оружје на Саудиска Арабија сѐ додека не се заврши истрагата за околностите на убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави германскиот министер за надворешни работи Хеико мас.

Мас во интервју за германската јавна телевизија Тагестемен истакна дека не постои причина за одобрување на продажба сѐ додека не се разјасни што му се случило на Кашоги.

Најверојатно со ова се повлекува одлуката од минатиот месец за авторизација на продажба на артилериски системи на Ријад.

„Додека траат истрагите и не знаеме што таму се случило, не постои причина за донесување позитивни одлуки за извоз на оружје во Саудиска Арабија“, заклучи Мас.

Убиството на саудискиот новинар дисидент е притисок врз германската влада поради големите договори за извоз на оружје на Саудијците.

„Германските односи со Саудиска Арабија мора да бидат преиспитани по толку неверојатните случувања“, изјави вчера генералниот секретар на социјалдемократите Ларс Клингбејл, коалициски партнер во владата на Меркел

Владата мора „да стави крај на стратегиското партнерство со Ријад и да прекине да извезува оружје“, побара лидерот на зелените одговорен за надворешна политика Омид Нурипур.

Канцеларката Ангела Меркел остро го осуди убиството на новинарот Кашоги оценувајќи ги досегашните објаснувања на официјален Ријад на убиството како „фалични“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе