Ја отфрли можноста за создавање големи држави на Балканот

Шефот на германската дипломатија: Идејата за прекројување на границите на Западниот Балкан е вратена во фиока

Германија ја отфрли идејата за прекројување на границите на Западниот Балкан долж етничките линии и идејата е „вратена во фиока“, кажа денес шефот на германската дипломатија Хаико Мас.

EPA-EFE

Оваа идеја почната од неофицијален дипломатски документ на Европската Унија ги алармираше Босанците, кои го гледаат како закана за територијалното единство на нивната земја, две децении откако етнички судири доведоа до војни во регионот.

Во нон-пејперот, во кој Ројтерс имал увид, се сугерира дека создавањето Голема Србија, Голема Албанија и Голема Хрватска би можело да помогне во решавањето на националните тензии кои ги кочат евроинтеграциите во регионот.

Еден дипломат во Брисел кажа дека членките на ЕУ не ја ни разгледале оваа идеја.

„Замислата дека нештата можат да бидат решени со исцртување на нови линии на мапата не е само нереалистична, туку е опасно дури и да се иницира таква дискусија“, им кажа Мас на новинарите во Приштина.

„Идејата за прекројување на границите германската влада решително ја отфрла“, кажа тој додавајќи дека е среќен што таа замисла „е вратена во фиоката и се надева во историјата“.

Содржината на неофицијалниот документ прво протече во словенечките медиуми. Премиерот на Словенија Јанез Јанша ги негираше медиумските извештаи дека тој му го испратил на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел како предлог за решавање на проблемите во регионот откако Словенија во јули ќе го преземе претседавањето со ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе