Шефот на германската дипломатија го посети Аушвиц и потести на вечната вина на Германија

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас предупреди денес по посетата на спомен-областа на поранешниот нацистички логор Аушвиц на вечната вина на Германија за холокаустот и потребата од зачувување на сеќавањето на злосторствата на националсоцијализмот.

„Нам ни е потребно ова место бидејќи германската одговорност никогаш не престанува“, изјави Мас, член на Социјалдемократската партија на Германија.

Мас, кој во својата кериера во неколку наврати кажа дека трагедијата во Аушвиц е една од причините зошто почнал да се бави со политика, низ спомен-областа го водеше преживеан од холокаустот Маријан Труски.

„Пекол на земјата, тоа е германската творба наречена Аушвиц“, напиша Мас во книгата на сеќавања.

Мас истакна дека е потребно да се одржува сеќавањето на холокаустот, но го отфрли барањето на Германскиот совет на Евреите кој бара посетата на Аушвиц да стане задолжителна за германските средношколци.

Мас повика на поголема граѓанска храброст кога станува збор за борбата против радикализмот во општеството.

„Мислам дека гласноста на расистите и антисемитите е поврзана со тишината на мнозинството“, кажа Мас.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе