Шефот на германската дипломатија го оцени враќањето на европските џихадисти како „исклучително тешко“

Германскиот министер за надворешни работи оцени дека е „исклучително тешко“ во овој момент да се организира враќање на европските џихадисти од Исламска држава заробени во Сирија, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп.

„Враќањето би било можно дамо ако можеме да гарантираме дека тие лица тука веднаш ќе бидат изведени пред суд и сместени во притвор“, изјави Хеико Мас синоќа.

„За тоа ни требаат правосудни информации кои сѐ уште ги немаме“, кажа тој оценувајќи дека во овие услови е „исклучително тешко да се оствари“ нивното враќање во матичните земји.

Додаде и дека Берлун сака да се договори со Франција и Германија за начинот на постапување.

За тоа прашање денес треба да разговараат министрите за надворешни работи на ЕУ, како и за „состојбата во Сирија а пред сѐ за најновите случувања на теренот“.

Американскиот претседател Трамп побара вчера од Европејците да ги преземат стотиците свои државјани заробени во Сирија како борци на ИСИС.

Џихадистичката група е пред конечен пораз во таа земја, каде што против неа се борат и арапско-курдскиот сојуз Сириски демократски сили, и сириската војска поддржана од Русија и Иран.

Судбината на странските борци заробени од Курдите сѐ уште не се знае. Меѓу нив има Французи, Германци, Ирци, Италијанци, Англичани и Канаѓани. Мажите се во затвор, а жените и децата во бегалски кампови.

Белгискиот министер за правосудство Кен Геенс повика вчера на „европско решение“ и предложи „мирно да се размисли што носи најмал безбедносен ризик“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе