Шефот на германската дипломатија ги поддржа протестите во Соединетите Држави

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас ги поддржа протестите низ САД поради убиството на Афроамериканецот за време на бруталното полициско апсење и поради поширокиот проблем на системски расизам.

„Протестите против расизмот се разбирливи и повеќе од легитимни. Се надевам дека тие повеќе нема да бидат насилни, но уште повеќе се надевам дека ќе влијаат на состојбата во Соединетите Држави“,рече Маас пред новинарите по средбата со украинскиот колега Димитри Кулеб.

Смртта на Џорџ Флојд ја нарече „грозна и шокантна“ и побара разјаснување за неговата насилна смрт.

Маас исто така повика на истрага за нападот врз телевизиската екипа на Дојче веле во Минеаполис. „Секое насилство врз новинарите не само што мора да се критикува, туку последователно треба да се истражи и разјасни со цел да се заштитат новинарите кога ја вршат својата работа“, рече Маас.

Дојче веле извести дека телевизиска екипа била нападната со гумени куршуми додека известувала од протест во Минеаполис.

Најмалку пет американски полицајци се ранети во пукање за време на насилните протести, објавија во вторникот полицијата и медиумите, неколку часа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе ја испрати војската доколку не престанат немирите.

Во текот на викендот во Германија се одржани низа протести во знак на солидарност со Афроамериканците, од кои најголеми биле во Берлин и Минхен.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе