Обид за решавање на спорот за гасоводот

Шефот на германската дипломатија: Германија и САД преговараат за Северен тек 2

Германија и Соединетите Американски Држави преговараат во Вашингтон во обид да го решат спорот за гасоводот Северен тек 2, кажа денес германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

EPA-EFE

„Како што знаете, во тек се преговори меѓу германската влада и администрацијата во Вашингтон“, им кажа Мас на новинарите, додавајќи дека Берлин е заинтересиран да постигне договор со САД.

Кажа дека тоа ќе биде темата на преговорите во Вашингтон, не изнесувајќи детали, пренесува Радио слободна Европа.

„Уверен сум дека ќе најдеме начин, но тоа нема да биде лесно и нема да биде брзо“, кажа тој.

Германската медиумска група Функе соопшти вчера дека германската канцеларка Ангела Меркел ги испратила своите два најдобри помошници во Вашингтон за да направат компромисен договор за Северен тек 2 пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Европа кон средината на јуни.

Руски Газпром и западните партнери забрзано се обидуваат да го завршат гасоводот Северен тек 2 под Балтичкото Море.

Гасоводот, кој е завршен 95 отсто, ќе ја заобиколи Украина, со што Киев ќе ја изгуби прилично големата транзитна такса.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе