Шефот на Газпром ја предупреди Германија: Имате гас за уште два месеци

Шефот на рускиот државен енергетски џин Газпром Алексеј Милер изјави денес дека гас во германските подземни складишта ќе има доволно за уште два до два и пол месеци.

EPA-EFE

Зборувајќи на конференцијата Руска енергетска недела во Москва, Милер ја предупреди Германија на последиците од откажувањето од рускиот гас кажувајќи дека „нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на моменталниот капацитет на резервите на гас“.

Денес рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Москва е спремна да ја обнови испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 2, кој води до Германија под Балтичкото Море.

Намалувањето на снабдувањето со руски гас предизвика скок на цените поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз европските влади да помогнат во ублажувањето на вртоглаво високите сметки за енергија за домаќинствата и компаниите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе