Шефот на Фолксваген отвори профил на Твитер и го чепна Илон Маск

Извршниот директор на германскиот џин Фолксваген Херберт Дајс отвори профил на Твитер и во првиот пост веднаш му се обрати на Илон Маск, својот голем конкурент.

EPA-EFE

„Еј, Твитер! Тука сум за да ги искажам своите ставови и ставовите на Фолксваген групацијата, особено за политичките прашања. Нормално, тука сум и за да земам дел од твојот пазарен удел, Илон Маск. Сепак, нашите ИД.3 и е-трон модели се најпродавани во Европа. Им се радувам на конструктивните расправи!“, порача Дајс.

Иако аферата Дизелгејт го разниша германскиот автомобилски џин, неговите електрични возила се добро позиционирани на европскиот пазар, особено во Германија. Со тоа Фолксваген ѝ стана голема конкуренција на Тесла на Маск, која во меѓувреме ја намали цената на својот модел 3 во Европа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе