Шефот на ФБИ: Русија има намера да се меша на изборите во САД

Русија има намера да се вмеша на изборите во 2020 на САД и покрај санкциите и другите напори Москва да се одврати од тоа, изјави директорот на ФБИ Кристофер Вреј.

„Русите апсолутно имаат намера да се обидат да се мешаат во нашите избори“ и да влијаат на кампањата, рече Вреј на сослушувањето пред сенатскиот Одбор за правосудство.

Вреј сведочи еден ден пред јавното сведочење пред Конгресот на Роберт Малер, поранешниот специјален истражувач, за неговата двегодишна истрага за руското мешање во кампањата за претседателските избори во 2016 година, односно за дослухот на Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп.

„Не ги одврати доволно сè она што досега го направивме? Сите санкции, сите разговори, и сè уште го прават тоа?“ запраша претседателот на одборот, републиканскиот сенатор Линдзи Греам.

„Да. Сметам дека се додека не престанат не се доволно одвратени“, одговори Вреј.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе