Шефот на Фајзер: Годишно вакцинирање против ковид-19 би било подобро од повеќе почести бустери

Алберт Бурла, главен извршен директор на Фајзер вели дека годишната вакцинација против ковид-19 би била подобра од повеќе почести бустер дози. Според него не е добро сценарио давањето засилувачки дози на четири - пет месеци и тој се надева дека ќе имаме вакцина која ќе се дава еднаш во годината.

Фото: ЕПА

Вакцината против ковид-19 на Фајзер се покажа како ефикасна против тешки форми на болеста и смрт предизвикани од варијантата омикрон, но помалку ефикасна во спречувањето на преносот на инфекцијата. Како што се зголемува бројот на случаи, некои земји ги засилија своите програми за вакцинација или го скратија интервалот помеѓу вакцините додека владите се борат да ја зајакнат заштитата.

Во интервју за израелски Н12 њуз, Бурла беше прашан дали да се даваат бустер дози на секои четири до пет месеци.

„Ова нема да биде добро сценарио. Она на што се надевам е дека ќе имаме вакцина што ќе треба да се земе еднаш годишно“, рече Бурла. „Еднаш годишно, полесно е да се убедат луѓето да го направат тоа. На луѓето тоа им е полесно да го запамтат“, додаде тој.

„Значи, од гледна точка на јавното здравје, тоа е идеална ситуација. Разгледуваме дали можеме да создадеме вакцина што го покрива омикрон и не заборава на другите варијанти и тоа би можело да биде решението“, рече Бурла. Бурла рече дека Фајзер може да поднесе барање за одобрување на нова, редизајнирана вакцина против омикрон и нејзино масовно производство, што е можно поскоро во март.

Повикувајќи се на три студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во петокот рече дека третата доза на вакцината иРНК е клучна во борбата против омикрон, обезбедувајќи 90 проценти заштита од хоспитализација.

Прелиминарната студија објавена во понеделникот од израелскиот медицински центар Шеба покажа дека четвртата доза ги зголемува антителата на уште повисоки нивоа од третата, но веројатно не е доволна за одбрана од омикрон. Сепак, сè уште се советува втора доза за ризичните групи, се вели во студијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе