петок, 29 март 2024

Дуел за Македонија, Мицкоски и Ковачевски на 3 април

Еден ден пред почетокот на предизборната кампања за претседателските избори, на 3 април ТВ Канал 5 организира, како што го насловија Дуел за Македонија, помеѓу лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Каков претседател ѝ треба на државата? На каква платформа ќе нѐ очекува од ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек? Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции? Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Кои се црвените линии на Ковачевски, а кои на Мицкоски… се дел од прашањата за лидерите, најавува ТВ Канал 5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ