Со изјава за „италијански Истра и Далмација“

Шефот на Европскиот парламент ги разбесни Хрватите и Словенците

Претседателот на Европскиот парламент Антониот Тајани ги разбесни Хрватите и Словенците. Тој на церемонија на одбележување на Денот на сеќавање во италијанска Базовица ги нарече Истра и Далмација италијански.

„Да живее Трст, да живее италијанска Истра, да живее италијанска Далмација“, кажа Тајани во говор по повод Денот на сеќавањето на жртвите на егзодусот на Истра, Риека и Далмација.

Тој на својот фејсбук профил објави и снимка од церемонијата на која кажува дека денес им оддава почит на паднатите жртви на омразата кон Италијанците, жртви на „оние кои на униформата имале црвена ѕвезда“ и додаде дека во Европскиот парламент ќе потсети на „трагедијата поврзана со Трст“.

Истакна и дека Трст го симболизира националниот идентитет на Италијанците.

Тајани кажа и дека не смее во Венецуела во која живеат многу Италијанци да се повтори „комунистичка диктатура како таа на Тито“.

Хрватските медиуми потсетуваат дека идејата за италијански Истра и Далмација биле едни од главните начела на италијанскиот фашизам во дваесеттите години на минатиот век. Со тајниот Лондонски договор од 1915 Италија се обврзала дека ќе војува на страната на Антантата, но за возврат барала голем дел од источнојадранскиот брег кој во тоа време бил дел од Австро-унгарската монархија, а по војната, во ноември 1918 година, италијанската војска окупирала голем дел од Далмација.

По Втората светска војна Истра и Далмација ги ослободуваат партизаните.

Претставникот на кабинетот на шефот на Европскиот парламент Антониот Тајани изјави дека изјавата дека Истра и Далмација се италијански не е добро интерпретирана, дека не мислел ништо лошо и дека нема да се извини.

„Тој никогаш не кажа дека Истра и Далмација се дел од Италија. Би било лудо тоа да се тврди. Истра и Далмација се Хрватска“, соопшти кабинетот на Тајани, истакнувајќи дека тој зборувал во „историски контекст“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе