Шефот на европската дипломатија: Русија намерно го продлабочува конфликтот со нас

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел кажа денес во Европскиот парламент дека му изгледа дека Русија намерно го продлабочува конфликтот со Западот, а големо мнозинство европратеници ги осудија последните потези на руските власти на истокот на Украина и во спорот со Чешка, како и затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

EPA-EFE

Во расправата со европарламентарците за случајот на Навални, трупањето руски воени сили на границата со Украина и наводната операција на руската тајна служба во Чешка, Борел порача „дека мора да се подготват за долг и тежок период во односите со Русија“.

„Гледам загрижувачки тренд кај руските власти кои, се чини, намерно го продлабочуваат конфликтот со Западот, со нас“, кажа високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

„Нашите односи со Русија продолжуваат да се влошуваат и сега се на најниско ниво. За жал, не можеме да исклучиме дека таа негативна тенденција ќе продолжи и ќе достигне уште поопасно ниво“, оцени Борел.

Кажа и дека е потребно да се најде начин на соживот во односите со Русија за да се избегне „перманентна конфронтација со соседот кој, се чини, решил да делува како соперник“.

„Русија мора да престане со своите провокации“, кажа Борел и додаде дека Русија мора да престане да изигрува „неутрален медијатор“ во Украина.

Пратениците на повеќето политички групации во Европскиот парламент ги осудија во расправата на пленарната седница постапките на руските власти.

„Неодамнешните настани во Русија се јасен сигнал дека Кремљ се враќа на праксата од советската ера“, порача летонската пратеничка Сандра Калниете, која зборуваше во име на Европската народна партија (ЕПП).

Полскиот социјалдемократ Воџимјерџ Цимошевич истакна дека е „невозможна нормална соработка“ додека Русија не се повлече од Крим и од источна Украина. Истакна дека на Москва мора да ѝ биде јасно дека ќе „плати за незаконските дејства“.

Холандскиот европратеник Малик Азмани, кој се обрати во име на групата Да ја обновиме Европа, порача дека „мора да му се покаже на Путин дека Европа е обединета“.

Полската пратеничка Ана Фотига во име на клубот на Европските конзервативци и реформисти предложи сопирање на проектот Северен тек 2. „Дека ја поддржуваме Украина најдобро можеме да покажеме со сопирање на проектите како Северен тек 2“, порачаа таа.

Борел подоцна одговори дека станува збор за приватен проекти, околу кој Европската Унија ништо не може да направи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе