Европската медицинска асоцијација

Шефот на ЕМА: Ако вакцинираме 50 проценти од луѓето во Европа, поблиску сме до нормалниот живот

„Ако оваа година успееме да вакцинираме најмалку 50 проценти од популацијата во Европа, мислам дека до крајот на 2021 година можеме да се вратиме во нормален живот, но тоа не значи дека вирусот ќе исчезне“, рече шефот на Одделот за здравствени процедури и стратегии за вакцинација на Европската медицинска асоцијација (ЕМА) Марко Кавалери, за телевизијата Н1.

Фото: ЕПА

Тој посочи дека ќе мора да научиме да живееме со овој вирус, но дека ќе бидеме позаштитени од него.

Говорејќи во емисијата Нов ден на телевизијата Н1 за најголемите проблеми во Европската Унија во спроведувањето на масовна имунизација, тој ја наведе бавноста во вакцинацијата поради ограничениот број достапни дози.

„Многу е важно да имате доволно дози за секого, а особено за ризичните групи, кои први треба да се вакцинираат. Во овој момент пристигнуваат нови вакцини, но потребно е време и тоа трае. Иако работите одат побавно, убедени сме дека тие ќе се подобрат во иднина и дека ќе има доволно вакцини за огромното мнозинство граѓани“, рече Кавалери, пренесува Н1.

Според него, вакцинацијата во Европа почнала нешто побавно отколку во Велика Британија, САД и Кина.

„Како и да е, во овој момент работите се одвиваат побрзо и пред да се вакцинираат неколку милиони граѓани, ние мора да направиме напредок во вакцинирањето на постарите групи и оние што имаат поголем ризик сериозно да се разболат од ковид“, рече Кавалери.

Тој оцени дека целта на ЕУ е да ги достигне останатите во процесот на вакцинација, со цел да се овозможи што побрзо враќање во нормалниот живот.

Како што пренесе Н1, коментирајќи ја можноста за употреба на вакцините од кинеските и руските производители во ЕУ, тој изјави дека во тек се преговори со нив, како и дека главното прашање е дали тие вакцини ќе ги исполнуваат условите на европската заедница.

„Ако е така, тоа би било добро за сите нас, бидејќи би имале нови вакцини за граѓаните на ЕУ, што значително би помогнало во борбата против пандемијата“, рече Кавалери.

Од новите соеви на коронавирусот тој ги спомена јужноафриканскиот и бразилскиот како потенцијално најопасни и рече дека мутациите во тие соеви може да го намалат степенот на заштита од вакцините.

Кавалери истакна дека мора да се соочиме со разликите во податоците дадени од производителите на вакцини.

„Знаеме дека имаше проблеми со Астра зенека, како и дека нема многу податоци за повеќето вакцини за степенот на заштита кај постарите лица. Но и покрај сите овие ограничувања, Астра зенека покажа добар имунолошки одговор кај постарите лица. Тоа охрабрува и покажува дека реакциите се слични на другите старосни популации“, изјави Кавалери за Н1.

Тој спомена дека сè уште не е познато дали ќе има потреба од вакцинација против короната на сличен начин како кај сезонскиот грип, но рече дека се знае дека има потреба од „посилни дози подоцна“ затоа што вирусот постојано мутира.

„Многу е веројатно дека навремено ќе добиеме нови вакцини и мора да бидеме подготвени за тоа сценарио и дека ќе бидеме во слична ситуација како и со грипот“, предупреди Кавалери.

Тој потсети дека во претходните тестови РНК-вакцините покажале висок степен на заштита, додека другите вакцини покажуваат малку помал степен на заштита, но дека сите вакцини претставуваат добра заштита од тешките состојби и можната хоспитализација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе