Шефот на дипломатијата на ЕУ: Русија на границата со Украина има над 150 илјади војници

Русија натрупала над 150 илјади војници, што е најголемиот број забележан на украинските граници и постои можност да се случи некаков инцидент, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел.

EPA-EFE

„Ситуацијата е загрижувачка, не можеме да исклучиме дека ќе се случи инцидент“, кажа Борел на конференција за новинарите по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ.

Борел ја пофали Украина за воздржаноста и побара од Русија итно да почне со попуштање на тензиите.

Шефот на дипломатијата на ЕУ изрази загриженост и за здравствената состојба на рускиот опозиционерски политичар Алексеј Навални.

Навални на 31 март престана да прима храна протестирајќи против лошите услови во затворот. Навални, кој се жали дека има болки во грбот и рацете, ги обвинува затворските власти дека не му овозможуваат пристап до лекарска нега и лекови.

„Руските власти мора да му овозможат да има пристап до лекари во кои има доверба. Тие се одговорни за неговата безбедност и здравје“, кажа Борел.

Меѓутоа, Европската Унија не подготвува никакви нови санкции против Русија поради трупањето на војска на украинската граница и поради Навални.

„За сега не се работи на тоа. Нештата може да се сменат, но сега е таква ситуацијата“, кажа Борел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе