„Мора да е загрижен, не само поради тоа што се случува на боиштето во Украина, туку поради тоа што се случува дома и на меѓународно ниво. Минатиот февруари, непосредно пред почетокот на војната, Путин стоеше со кинескиот претседател Си Џинпинг и прогласија пријателство без граници. Се покажа дека тоа пријателство сепак има граници“, кажа шефот на ЦИА.
Брнс истакна дека Кина не ја пружила воената поддршка на која Путин, според него, се надевал. И покрај тоа, смета шефот на ЦИА, Путин „останува тврдоглаво уверен во своите сопствени проценки“.
„Путин е опасен и непромислен кога чувствува дека е турнат во ќош. Путин својот пристап го темели на погрешни претпоставки и мисли дека може да излезе на крај со Украина, САД и со Западот“, кажа Брнс и додаде дека кинескиот лидер Си „како сокол набљудува сè што се случува во Украина“.
Смета дека кинескиот претседател „се отрезнил“ кога го видел лошиот напредок на руската војска. „Кинезите гледаат дека Украинците пружаат отпор со многу храброст и упорност“, оцени директорот на ЦИА.