Шефот на британскиот телеком ќе им ја донира платата на здравствените работници

Шефот на најголемата британска телекомуникациска компанија БТ изјави дека ќе им ја донира својата плата на здравствените работници барем во следните шест емсеци и дека ќе им ги зголеми платите на своите работници кои ги одржуваат широкопојасните мрежи во времето на изолација поради пандемијата на коронавирусот.

Филип Џенсен, еден од најбогатите британски директори, кажа и дека компанијата нема да отпушта работници поради здравствената криза и дека ќе ги задржи платите на исто ниво најмалку три месеци.

„Ова е ситуација без преседан и сакам да им дадам на нашите луѓе некаква сигурност во следните месеци“, кажа Џенсен. „Овој период од сите нас бара ѓртвување и сакам нашите луѓе да знаат дека сме заедно во ова“.

Џенсен, кој беше позитивен на ковид-19 на почетокот на март, заработувба околу 100.000 фунти (околу 114.000 евра) месечно.

Неговото претходно ветување дека работниците ќе ги награди со акции во вредност од 500 милиони фунти исто така ќе биде исполнето.

Работниците кои се сега во првите редови бидејќи работат на одржување на мрежата ќе добијат годишно зголемување на платите од 1,5 отсто од 1 јули, додека менаџерите нема да добијат покачување за 2020/21.

БТ, компaнијата формирана во 1846 како Електрик телеграф компани, вработува повеќе од 100.000 луѓе.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе