„Нема причина тоа да не се случи“

Шефот на британската дипломатија побара од ЕУ да побрза со брегзитот

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон побара од Европската Унија да „побрза“ со преговорите за ислегување на Велика Британија од Унијата (таканаречениот брегзит) по петтата рунда преговори.

„Сметаме дека имавме многу корисни предлози за бродот конечно да заплови... Тоа е она што сега сите сакаме да го видиме“, им кажа Џонсон на новинарите во Лондон.

„Нема причина тоа да не се случи. Чекаме нашите пријатели и партнери да побрзаат. Време е да се стартува моторот и да тргнеме напред“, кажа британскиот министер.

Џонсон, кој беше поддржувач на брегзитот за време на предизборната кампања пред референдумот во 2016, изјави дека е многу оптимистичен околу постигнувањето договор.

Преговарачот на ЕУ за брегзитот Мишел Барние изјави пак дека преговорите се во „загрижувачки ќорсокак“ околу прашањето за финансиските обврски на Велика Британија кон ЕУ.

Барние кажа дека на следниот самит на Европската унија, на 19 и 20 октомври, нема да може да предложи преминување во следната фаза од преговорите за брегзитот.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе