Шефот на Амазон вети 10 милијарди долари за борбата против климатските промени

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос вети 10 милијарди долари за финансирање на научници, активисти, непрофитни и други организации кои се борат за заштита на животната средина и за сузбивање на последиците на климатски промени, објавено е вчера.

Безос, најбогатиот човек во светот, се наоѓа на се поголемиот список на милијардери кои значително донираат за борбата против влијанието на глобалното затоплување.

„Климатските промени се најголемата закана за нашата планета“, напиша Безос на Инстаграм. „Сакам да работам со другите на подобрување на познатите начини и истражување нови начини во борбата против разорното влијание на климатските промени на нашата планета“.

Во рамки на неговата иницијатива, фондот за Земјата на Безос ова лето ќе започне со доделување неповратни средства. „Ќе бидат преземени колективни активности на големи и мали компании, држави, глобални организации и поединци“, рече тој.

Сузбивањето на климатските промени во последниве години стана популарна активност меѓу американските милијардери, со Бил Гејтс на Мајкрософт, Мајкл Блумберг и управителот на хеџ фондовите Том Стејер, кои се вбројуваат меѓу најбогатите светски филантропи во областа за заштита на животната средина.

Безос се заложи дека Амазон до 2040 година ќе постигне јаглеродна неутралност и најави купување на 100.000 електрични возила за испорака од американскиот стартап Ривијан Аутомотив.

Тој најави дека Амазон ќе се обиде да ги исполни целите на Парискиот климатски договор десет години пред предвиденото и ќе инвестира 100 милиони долари во обнова на шумите и мочуриштата.

Намалувањето на емисијата на јаглерод ќе биде предизвик за Амазон, кој испорачува 10 милијарди производи годишно.

Компанијата неодамна беше соочена со протести на активистите за животна средина во Франција и се поголем притисокот од сопствениот персонал за преземање на мерки за заштита на животната средина.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе