Шефицата на холандската дипломатија поднесе оставка поради повлекувањето од Авганистан

Министерката за надворешни работи на Холандија Сигрид Каг поднесе оставка по критиките на пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

EPA-EFE

„Парламентот смета дека владата дејствувала неодговорно. Единственото што можам е да ги прифатам тие оценки како министерка која ја сноси крајната одговорност“, кажа таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се искажуваат критики на сметка на владата бидејќи не успеала да евакуира дел од Авганистанците и бидејќи однапред не проценила дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

„Во моето сфаќање на демократијата и нашата традиција на владата министерот мора да замине ако неговата политика доживеала осуда. Затоа ќе му поднесам на неговото височество (кралот Вилем Александер) оставка на местото министерка за надворешни работи“, кажа таа.

Каг е на местото вршителка на должноста шефица на дипломатијата од мај. Новата коалициска влада сè уште не е формирана по изборите во март.

Сè уште не е јасно какви политички последици ќе има нејзината оставка врз формирањето на владата.

Претходно и во Британија беше сменет министерот за надворешни работи Доминик Раб, исто така поради лошото управување со авганистанската криза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе