Шефицата на германската дипломатија: Русија мора да изгуби

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок јасно го кажа својот став во врска со војната во Украина, кажувајќи дека Украина мора да победи во оружениот конфликт.

EPA-EFE

Бербок беше прашана, во емисија на државната телевизија ЗДФ, да ја искоментира дипломатската формулација на канцеларот Олаф Шолц дека Русија не смее да победи во оваа војна. „Кажувам дека е точно тоа што го кажа канцеларот. Секако дека Русија не смее да победи во оваа војна, туку мора стратегиски да изгуби“, истакна Бербок.

Според неа, Русија го крши меѓународното право.

„Тие сакаат да го уништат мирот во Украина. Поради тоа Украина во никој случај не смее да изгуби, а тоа значи дека Украина мора да победи“, кажа германската министерка.

„Украина ѝ припаѓа на Европската Унија, така е правилно да се каже, а не дека припаѓа на Европа“, порача.

Меѓутоа, Украина не може брзо во Унијата, објасни Бербок. Европските интеграции по агресијата на Русија треба да продолжат и Европската комисија да одлучува за статусот кандидат за Украина.

„Ние сега сме на историски крстопат и за мене тоа значи дека не треба да се однесуваме бирократски, туку да го препознаеме моментот“, кажа шефицата на германската дипломатија. Тоа значи, како што додаде, конечно треба да почнат преговорите за пристапување со Македонија и Албанија. А Украина, иако ѝ припаѓа на ЕУ, не може во неа брзо. „Не смее да има пропусти. Но ние сега како Унија не смееме да ја затвориме вратата на оние кои се пред неа“.

Германија, според Бербок, има посебна одговорност јасно да каже „тука сме да ве поддржиме“. Европа секогаш растела од кризите, а кога имало застој, ги сменувале следните подеми – благодарение на храбрите политичари но и општествата. „Исто е и сега“, заклучи германската министерка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе