„Мислам дека сите членки можат и мораат да направат повеќе“, кажа таа коментирајќи го денешниот голем ракетен напад на украинските градови.
„Ова што го видовме денес покажува дека Русија ќе продолжи со ескалација на конфликтот. Како ќе одговориме? Ако нашиот одговор не биде пропорционален на ескалацијата, тогаш ќе гледаме како (рускиот претседател Владимир) Путин убива сè повеќе луѓе“, кажа Мецола.
Претседателката на Европскиот парламент додаде дека санкциите на ЕУ против Русија „очигледно не се доволни“ и ги повика земјите членки да се здружат и да ѝ испратат повеќе тешко оружје на Украина, пред сè тенкови за кои Киев моли веќе некое време.
„Украина бара тенкови, а ЕУ има можност да координира што ѝ се испраќа на Украина. Знам дека од воена перспектива можеме да направиме повеќе“, кажа Мецола.