Шефицата на Европската комисија: Дезинформациите за коронавирусот се опасни по живот (ВИДЕО)

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен предупреди на штетноста од дезинформациите за коронавирусот, кои се опасни по живот.

„Дезинформациите можат да чинат животи“, порача Фон дер Лејен во видеопорака.

Таа истакна дека по интернет и социјалните мрежи кружат дезинформации како тие дека лукот или витаминот Ц помагаат во лекувањето на ковид-19 или дека коронавирусот ги напаѓа само постарите луѓе.

„Сите видовме такви лажни тврдења на интеренет и социјалните мрежи. Има сѐ поголем број на лажни вести за епидемијата на коронавирусот, особено на интернет“, предупреди претседателката на ЕК.

Таа додаде дека Комисијата соработува со интернет платформите и ги поттикнува да ја зајакнат борбата против дезинформациите.

Меѓутоа, дејствувањето на тие платформи не е доволно и Комисијата очекува од нив да дозволат споделување информации со оние кои ја проверуваат точноста на информациите за да може ефикасно да се побиваат гласините.

Фон дер Лејен им порача на граѓаните да им веруваат на здравствените власти, Светската здравствена организација и веродостојните медиуми, кои имаат углед дека вистинито известуваат.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе