Нов удар за премиерката

Шефицата на долниот дом на британскиот парламент поднесе оставка поради „новиот“ план за брегзитот

Андреа Лидсом, претседателката на владејачката Конзервативна партија во Долниот дом на британскиот парламент, вечерва даде оставка.

Лидсом кажа дека повеќе не го поддржува владиниот пристап кон процесот на излегувањето од Европската Унија.

Како шефица на конзервативците таа беше задолжена за организирање на владините работи и требаше да објави кога во парламентот ќе се појави предлог законот за повлекувањето на премиерката Тереза Меј. Нејзината оставка е 36-та во владата на Меј и доаѓа еден ден пред гласањето на Британија на европските избори.

Меј вчера не одговори на сѐ погласните барања да поднесе оставка, ветувајќи дека ќе остане на должноста и покрај големото противење на пратениците па дури и на некои министри за нејзиниот најнов потег околу брегзитот.

„Повеќе не верувам дека нашиот пристап ќе го реализира резултатот на референдумот. Поради тоа со големо жалење и тешко срце поднесувам оставка на должноста во владата“, наведе 56-годишната Лидсом во пишаната оставка.

Новиот план на Меј вклучува гласање за тоа дали треба да се одржи втор референдум за брегзитот, кога нејзиниот закон ќе ја мине првата фаза, како и потесни трговски односи со ЕУ во иднина. Со тоа предизвика жестока реакција и кај пратениците кои досега ја поддржуваа.

„Секогаш тврдев дека втор референдум би бил опасен во смисла на продлабочување на поделбите и не подржувам владата своеволно да се согласи на таква отстапка“, кажа Меј.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе