Шеф на СЗО за Европа: Се гледа светлото на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге во Сараево изјави дека е „претпазлив оптимист" и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата предизвикана од коронавирусот, но предупреди да не се брза со укинувањето на рестриктивните мерки.

Фото: ЕПА

„Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, рече Клуге пред новинарите по состанокот со претставници на БиХ, со кои разговараше за борбата со заразата во земјата.

Клуге предупреди дека сепак е неопходно да се остане внимателен бидејќи сè уште не е постигнат целосен успех, така што сè уште треба да се придржува до рестриктивните мерки за да не дојде до повторно неконтролирано проширување на заразата.

„Она што се случи во Индија може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати“, рече Клуге.

Тој најави дека СЗО ќе стори сè што е во нејзина моќ да го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините, што е најдобар начин да се стави крај на пандемијата.

Тој призна дека почетокот на вакцинацијата е неочекувано бавен, но додаде дека ова не е „рутинска имунизација“ бидејќи да се развијат безбедни вакцини обично се потребни од пет до седум години, а историски успех е што пет безбедни вакцини биле развиени во рок од една година.

„СЗО е силно посветена да се обезбедат јавно-приватни партнерства за забрзување на производството на вакцини, нивниот број и трансфер на технологија. Единствениот начин на кој можеме да излеземе од пандемијата е солидарноста“, рече Клуге.

Тој потврди дека Западен Балкан останува приоритет за европската канцеларија на СЗО. Според него, властите во БиХ добро ја координирале борбата против ковид-19 и очекува дека ефективно ќе придонесат во спроведувањето на стратешката визија за здравствените приоритети во следните четири години.

Претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија рече дека пандемијата покажала дека здравствените системи ширум светот не се добро подготвени за кризата што изби во 2020 година, па затоа сега треба да се подготват за слични предизвици што се веројатни во иднина.

„Свесни сме дека ова е само една во низата пандемии што ќе се појават во иднина“, рече Тегелтија, додавајќи дека сега се води трка помеѓу процесот на вакцинација и појавата на нови варијанти на вирусот.

Тој истакна дека е важно за земјите како БиХ да можат да набават и вакцини како кинеските, затоа што само така може да се надополни изгубеното време поради недостаток на вакцини од западните производители.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе