По повод изрекувањето на пресудата за терористичките напади од 2015

Шарли ебдо со карикатура на насловната „го враќа Бог на своето место“ (ФОТО)

Францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо кој излегува во среда, на насловната страница објави карикатура во која Бог е во полициско комби и оди во затвор, како алузија на утрешното изрекување на пресудата на обвинетите за терористичките напади во 2015 година, меѓу кои и нападот врз редакцијата на сатиричниот неделник.

EPA-EFE

Карикатурата во која „Бог се враќа на своето место“ е дело на Франсоа Бук кој заедно со писателот Јаник Енел е замолен да ги следи случувањата во судницата за време на судењето кое трае три и пол месеци.

Судењето се води против 14 лица, од кои три во отсуство, а тие се обвинети за пружање логистичка поддршка на џихадистите кои од 7 до 9 јануари 2015 спроведоа терористички напади во Париз и околината. Во тие напади, кои тогаш го потресоа светот, беа убиени вкупно 17 луѓе.

Антитерористичкото обвинителство побара построги казни од пет години до доживотен затвор за обвинетите кои им пружале помош на извршителите на нападите кои полицијата ги уби непосредно по терористичките напади.

Со утрешната пресуда циклусот на насилство кој почна во редакцијата на Шарли ебдо конечно ќе заврши, напиша во уводникот уредникот на весникот потпишан како Рис.

Тој додава дека циклусот на насилство ќе заврши барем на правосудно ниво бидејќи човечки гледано последиците никогаш нема да бидат избришани, како што покажаа сведоштвата на жртвите за време на судењето.

„Голема тешкотија беше да се докаже одговорноста на обвинетите. Не треба да се фантазира, на ова судење, како ни на многу други, нема апсолутни докази“, наведува Рис.

„Иако сите обвинети немаат исто ниво на идеолошки импликации, успеавме да откриеме дека некои од нив биле вистински исламисти, и покрај нивните напори да се претстават како скромни злосторници“, додава уредникот на весникот.

Редакцијата на Шарли ебдо, која продолжи со сатирата и критиката на општеството инсистирајќи дека нема табу теми, по нападот беше префрлена на непозната локација која е постојано под полициско обезбедување.

Во Франција на 7 јануари 2015 со нападот врз редакцијата на весникот почна бранот напади на џихадисти без преседан во таа земја, во кои настрадаа 241 лице.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе