Шарли Ебдо објави карикатура на Ердоган. Турција бесна: „Ништо не им е свето“ (ФОТО)

Турција најави дека ќе ги преземе сите правни и дипломатски чекори против карикатурата на претседателот Ердоган на насловната страница на најновиот број на сатиричниот весник Шарли Ебдо.

Фото: ЕПА

На насловната страница на весникот се гледа Ердоган во маица и долна облека со лименка пијалок во раката, а покрај него е жена која носи хиџаб на која Ердоган со другата рака ѝ го крева фустанот, откривајќи ѝ го задникот. „О, пророку!“, извикува Ердоган на карикатурата насловена со „Ердоган: приватно, многу е смешен“.

Erdogan : dans le privé, il est très drôle ! Retrouvez : 👉 Laïcité : zoom sur le CCIF par Laure Daussy 👉 Voyage...

Posted by Charlie Hebdo on Tuesday, October 27, 2020

„Остро ја осудуваме карикатурата на нашиот претседател во француското списание кое покажува дека ниту една религија и вредности не ѝ се свети“, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.

Ердоган викендов го нападна Макрон, велејќи дека треба да оди на психијатар, на што Франција го отповика својот амбасадор во Анкара.

Ердоган во понеделникот исто така повика на бојкот на француските производи по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во Франција, кои ги налутија муслиманите ширум светот.

Карикатурите, кои муслиманите ги сметаат за сквернавење, беа објавени во знак на солидарност со наставникот кој беше обезглавен на 16 октомври поради прикажување на карикатурите на пророкот Мухамед на час.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги налути муслиманите со изјавата дека ќе ги удвои напорите да ги спречи конзервативните исламски верувања да ги поткопуваат француските вредности.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе