Шарл Мишел: Европската унија е скептична во врска со укинувањето на патентите за вакцините

Европската унија е скептична во врска со корисноста од укинувањето на правата на интелектуална сопственост за вакцините против ковид-19 како начин за борба против пандемијата, но е подготвена да разговара за конкретен предлог, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Фото: ЕПА

Според Мишел, вистинскиот пат во борбата против пандемијата е што е можно побрзо производство на повеќе вакцини и да се укинат ограничувањата за извоз на вакцини во земји како што се САД и Велика Британија.

Овие земји, истакна Мишел на вториот ден од самитот на ЕУ во Порто, Португалија, произведуваат вакцини, но не ги продаваат на други.

„Во Европа, решивме да го овозможиме извозот и ги охрабруваме сите партнери да го олеснат извозот на вакцини“, рече Мишел.

Јужна Африка и Индија први ѝ предложија на Светската трговска организација (СТО) укинување на патентите на вакцини против ковид-19, а тоа го поддржаа голем број земји во развој.

Според податоците на Светската здравствена организација, минатиот месец се администрирале 700 милиони дози на вакцина ширум светот, но од тоа само 0,2 проценти биле во сиромашните земји.

Дебатата за ова прашање повторно се разгоре во средата кога американскиот претседател Џо Бајден ја поддржа идејата, под услов да се спроведе под покровителство на Светската трговска организација (СТО).

Скептиците тврдат дека премногу време ќе се потроши на договорот на СТО и изградбата на капацитети за производство.

„Што се однесува до интелектуалната сопственост, не веруваме, краткорочно гледано, дека тоа е волшебно решение, но подготвени сме да разговараме за тоа веднаш штом на маса имаме конкретен предлог“, рече Мишел по дискусиите со лидерите на блокот од 27 нации.

Европски официјални лица за Ројтерс изјавија дека Германија, седиштето на Бајонтек, на вчерашната расправа остро се спротивставила на укинувањето на интелектуалната сопственост на вакцините против ковид-19.

Португалија, Естонија, Белгија и Ирска исто така покажале недоверба кон таквата идеја, додека Грција и Италија јавно повикале на укинување на патентите.

ЕУ, велат официјалните лица, е најголем извозник на вакцини против коронавирус, со околу 200 милиони дози доставени во 90 земји.

Во петокот, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека веќе во јули ќе бидат вакцинирани 70 проценти од возрасната популација во Европската унија, и дека Европа го постигнала тоа и покрај фактот дека не го забранува извозот на вакцини како други.

„Некои може да речат дека земји како САД или Велика Британија беа побрзи на почетокот, но Европа го постигна овој успех и во исто време остана отворена за светот. Додека други домашното производство на вакцини го задржуваат за себе, Европа е главен извозник на вакцини во светот“, рече Фон дер Лајен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе