Словенечкиот премиер

Шарец: Словенија е спремна да ги затвори границите поради коронавирусот

Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека Словенија е спремна да ги затвори границите доколку се засили ризикот од внесување на коронавирусот, пренесуваат словенечките медиуми.

„Поради ширењето на коронавирусот Словенија ќе ги затвори границите доколку биде потребно, односно ќе спроведе мерки кои се сразмерни и соодветни на приликите до кои може да дојде“, им кажа Шарец на новинарите.

Според словенечкиот премиер во оставка, владата на Словенија и здравствените институции дневно ги следат настаните поради веројатниот ризик дека вирусот ќе се појави и во Словенија.

Постојат и сценарија за понатамошни активности, па и ангажирање на цивилната заштита и полицијата, ако дојде до поголем број заболени, но сите тие мерки ќе бидат сразмерни на развојот на ситуацијата.

За во четврток е планирано владата на својата редвона седница да расправа за вирусот, а во контакт е со властите во соседните држави, а и Словенија ќе учествува на средбата која ја свика претседателот на италијанската влада Џузепе Конте со премиерите на соседните држави.

Словенечките здравствени власти потврдија дека вкупно 13 луѓе досега биле тестирани во Словенија за новиот коронавирус и дека сите тестови дале негативен резултат.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе