Словенечкиот премиер

Шарец: Ситуацијата во Европа е како пред Втората светска војна. Ако ЕУ се распадне, сите ќе пропаднеме

Премиерот на Словенија Марјан Шарец ја спореди ситуацијата во Европа со онаа пред избивањето на Втората светска војна, кога европските политичари му попуштале на Хитлер.

Шарец, во интервју за агенцијата Асошиејтед прес, оцени дека Европската Унија во иднина мора побрзо и порешително да донесува одлуки, за да одговори на големите предизвици на денешнината.

„Популистите во Европа напредуваат затоа што умерените партии и политичките сили не беа успешни и доволно проактивни во изнесувањето на своите агенди. Ако само седиш и чекаш што ќе се случи, тогаш популистите се многу гласни и добиваат многу политички простор“, кажа Шарец во интервјуто кое го пренесуваат словенечките медиуми.

„Денешните доминантни европски политичари и функционери на Европската Унија преспоро одлучуваат за новите историски услови. На Унијата ѝ е потребно ново и поефикасно водство, ако сака успешно да им парира на бранот популизам и сѐ поголемото влијание од Русија и Кина“, оцени Шарец.

„Ако ЕУ се распадне, тогаш сите ќе пропаднеме. Тоа е многу брутално, но и вистинито“, заклучи Шарец.

Американската агенција Шарец го опишува како поранешен глумец и комичар кој минатата година успеа да формира малцинска коалициска влада на либералните и левите партии и така спречи власта да ја освои поранешниот премиер Јанез Јанша, кој на изборите настапи со националистичка антиемигрантска агенда, слична на онаа на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе