Шаман тргнал во Москва за да го истера ѓаволот од Путин, го уапсила полицијата (ВИДЕО)

Сибирски шаман кој пешки тргнал на долг пат до Москва за да го истера ѓаволот од претседателот Владимир Путин е уапсен од руската полиција.

Полицијата на Бурјатија, руска република во источен Сибир, објави дека синоќа го уапсила шаманот Александр Габишев на автопат во близина на Бајкалското Езеро. Вратен е во родната Јакутија, каде го бараат за извршен злочин, јави полицијата.

Александр Габишев тргнал во март пешки низ најголемата земја во светот и планирал во 2021 да стигне во Москва. Желбата му била, кога ќе дојде во престолнината, да го истера ѓаволот од Путин.

Во последните недели на патувањето долго 5.000 километри меѓу Јакутск и Москва му се придружила мала група следбеници, уверени во неговите изјави за рускиот претседател или пак од забава. За шаманот се снимени неколку репортажи објавени на руските телевизии, па имаше проблеми со локалните власти.

Алексеј Навални, главниот противник на Кремљ, се шегуваше во последните денови со реакцијата на власта: „Путин се плаши, се тресе и вика: „Боже мој, спаси ме од шаманот. Што ако навистина го истера ѓаволот?“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе