Во текот на ноќта немало полициски акции

Северот на Косово, ден по судирите: мирно, отстранети барикади, се нормализира ситуацијата

На северот на Косово е мирно, а во текот на ноќта немало акции на полицијата ниту собирања на граѓаните, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

EPA-EFE

Отстранети се барикадите кои вчера беа поставени во северниот дел на Митровица и кај местата Рударе и Звечан, и сообраќајот е нормализиран.

Има траги од вчерашните судири на улиците на Косовска Митровица, патрони од солзавец и шок-бомби, чаури од испукани куршуми, а полицијата синоќа отстранила и неколку запалени автомобили.

Неколку Срби беа повредени во судирите, меѓу нив најтешко 36-годишниот Среќко Софрониевиќ, кој по операцијата е со стабилна состојба.

Судирот изби откако цариници придружувани од полицијата влегоа во неколку трговски објекти, потоа Србите излегоа на улиците, по што пристигнаа и специјалните единици Росу.

Косовската полиција пријави дека осум нејзини припадници се повредени, и дека се оштетени неколку возила.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица и дека е распишана потерница по десетина луѓе, меѓу кои двајца Срби.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе