Севернокорејски разузнавачи хакирале банки и заработиле 1,3 милијарди долари

Соединетите Држави обвинија тројца севернокорејски компјутерски програмери дека украле 1,3 милијарди долари во пари и криптовалути со хакирање на големи компании од банки до Холивуд, соопшти во средата министерството за правда.

EPA-EFE/KCNA

31-годишниот Џон Чанг Хјок, 27-годишниот Ким Ил и 36-годишниот Парк Џин Хјок се обвинети за кражба на пари што го сториле додека работеле во воената разузнавачка служба на Северна Кореја.

Според министерството за правда, тие извршиле широк спектар на кривични дела и упади во компјутерски системи.

Тие се заслужни за нападот на „Сони пикчрс ентертејмент“ во 2014 година, кој го продуцираше филмот „Интервју што убива“, комедија во која ЦИА ангажира репортери да го убијат севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун.

Американското судство наведува дека триото учествувало и во создавањето на разорниот вирус Вонакрај 2.0, што силно го погоди британскиот Национален здравствен систем.

Обвинението ги товари за упади во банки низ јужна и југоисточна Азија, Мексико и Африка хакирајќи мрежи на финансиски институции и злоупотреба на СВИФТ протоколот за кражба на пари.

Тие се товарат за користење злонамерна апликација од март 2018 година до септември 2020 година, насочена кон корисниците на криптовалути.

Тие, исто така, наводно се здобиле со виртуелни менувачници во Словенија и Индонезија и ја оштетиле виртуелната менувачница во Њујорк за 11,8 милиони долари, пренесува агенцијата Франс Прес.

Тешко е да се процени вкупната сума на украдени пари, но бројките се огромни. Само со „кражбата“ од централната банка во Бангладеш наводно украла 81 милиони долари.

Во 2018 година, наводно украле 6,1 милиони долари од банкомати во Пакистан откако успеале да пристапат до ИТ мрежата на една банка.

ФБИ на конференција во Лос Анџелес објави дека хакерите сега најверојатно се наоѓаат во Северна Кореја, а наводно претходно живееле и на други места, вклучувајќи ги Кина и Русија.

Во извештајот на Обединетите нации за 2019 година подготвен од независни експерти по меѓународните санкции наметнати на Пјонгјанг, се вели дека Северна Кореја украла 2 милијарди долари преку „широко распространети и сè пософистицирани“ дигитални напади врз банки и менувачници на криптовалути.

Севернокорејската мисија при ОН во Њујорк не одговори на барањето за коментар, а ниту кинеските, ниту руските амбасади во Вашингтон не беа достапни, наведе Ројтерс.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека Вашингтон ја разгледува својата политика кон Северна Кореја и дека тоа ќе ги вклучи и кибернетичките криминални активности.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KCNA

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе