Севернокорејскиот лидер предупреди за враќање на тензиите, го обвини „негативниот став“ на САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на рускиот претседател Владимир Путин му кажа дека мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров зависат од САД, предупредувајќи дека состојбата на непријателство лесно може да се врати, објавија денес севернокорејските медиуми.

Коментарите на Ким на разговорите со Путин во четвртокот во Владивосток, најверојатно, ќе го зголемат притисокот врз САД да бидат пофлексибилни на барањата на Северна Кореја за олеснување на меѓународните санкции.

Вториот самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во февруари во Виетнам беше прекинат без постигнат напредок по американското барање Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарната програма и севернокорејското барање за олеснување на санкциите.

Севернокорејскиот лидер изјави дека ќе чека до крајот на годината САД да станат пофлексибилни.

„Ситуацијата на Корејскиот полуостров и во регионот сега е во застој и достигна критична точка од која може да се врати во првобитната состојба бидејќи САД заземаа унилатерален негативен став на неодамнешниот втор самит меѓу ДПРК и САД“, рече Ким според КЦНА.

Демократска Народна Република Кореја (ДПРК) е официјалното име на Северна Кореја.

„ДПРК ќе се подготви за секоја можна ситуација“, КЦНА го цитираше Ким.

Стејт департментот на САД не одговори веднаш на барањето за коментар од Ројтерс.

Вилијам Хагерти, американскиот амбасадор во Јапонија, изјави дека контактот на Ким со Русија и Кина е дел од напорите да се побара олеснување од меѓународните санкции.

„Фактот дека го гледаме Ким Џонг Ун на состанок со Владимир Путин го нагласува фактот дека санкциите функционираат и санкциите вршат екстремен економски притисок врз режимот на Северна Кореја“, рече Хагерти.

„Она што го гледаме е обид да се пронајде начин да се справи со тоа. Постои многу поедноставен начин за тоа, а тоа е денуклеаризација“, рече тој.

Тој рече дека е важно меѓународната заедница да ги спроведе американските санкции против Северна Кореја, кои беа наметнати поради нејзините нуклеарни и ракетни програми.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе