Ким минатиот месец побара понапредно нуклеарно оружје и кажа дека САД се „најголемиот непријател на Пјонгјанг“, поставувајќи му остар предизвик на американскиот претседател Џо Бајден само неколку недели откако ја презема функцијата.
Ким, кој ја зацврсти својата моќ на јануарскиот конгрес со именувањето за генерален секретар на партијата, на вториот ден од пленарниот состанок во вторникот и понатаму зборуваше за петгодишниот план на политиката на Пјонгјанг, пренесува Ројтерс.
„Генералниот секретар во извештајот ги откри воените задачи кои народната армија и индустријата за муниција ќе ги извршат годинава, како и насоката на идните акции кои ќе ги преземе сектор задолжен за односите со Јужна Кореја и секторот задолжен за надворешните работи, пред да ја истакне потребата од нивно извршување“, извести КЦНА.
Иако го отворил прашањето за преобликување на односите со Јужна Кореја „како што бараат доминантната ситуација и промената на времињата“, Ким го критикувал Сеул поради нудење соработка во „неосновните“ области како помошта околу ковид-19 и туризмот и кажал дека треба да сопре купувањето на оружје и спроведувањето воени вежби со Соединетите Американски Држави.
КЦНА не објави други детали од состанокот, но извести дека тој ќе продолжи барем уште еден ден.