Руска гранична патрола открила два едреници и 11 моторни бродчиња во нелегален риболов на источниот брег и го задржале првото пловило, по што второто отворило оган.
Тројца руски гранични стражари се повредени во инцидентот.
„Двете пловила се запленети“, соопшти ФСБ и подоцна објави дека се задржани повеќе од 80 Севернокорејци.
Руското министерство за надворешни работи го повикало дипломатскиот претставник на Северна Кореја во Москва поради инцидентот, јавува РИА Новости.
Двата брода се префрлени во руското источно пристаниште Находка.
Москва во јули ја обвини Северна Кореја за нелегално задржување на еден рибарски брод.
Пјонгјанг тогаш соопшти дека екипажот е задржан поради нарушување на правилата за влез во Северна Кореја.