Севернокорејски проектил „експлодира во воздух“ по лансирањето во близина на Пјонгјанг

Одлуката на Северна Кореја да го користи меѓународниот аеродром во близина на главниот град за пробно лансирање на големи проектили е „апсолутно апсурдна" и можеби е начин лидерот Ким Џонг Ун внимателно да го следи своето најценето оружје, велат аналитичарите, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Парчиња паднале во или во близина на Пјонгјанг по неуспешното пробно лансирање од аеродромот во средата, објави НК њуз со седиште во Сеул, повикувајќи се на неименувани сведоци и фотографија од тестот на која се гледа темно црвен облак од чад на крајот од цик-цак патеката од ракетата на небото над градот.

Северна Кореја истрела „непознат проектил“, кој се чини експлодира веднаш по лансирањето, соопшти јужнокорејската војска откако јапонските медиуми објавија за наводното лансирање на проектил од Северна Кореја, која располага со нуклеарно оружје.

Се сомнева дека проектилот бил истрелан од аеродром надвор од севернокорејската престолнина Пјонгјанг, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

Северна Кореја во последно време лансираше неколку проектили од тој аеродром, вклучително и два за кои САД и Јужна Кореја рекоа дека се тестови на нов интерконтинентален балистички ракетен систем (ИЦБМ). Северна Кореја соопшти дека тестирала компоненти на извидувачки сателит.

Извор од јапонското министерство за одбрана изјави дека проектилот бил потенцијален балистички проектил, јави јапонската јавна телевизија НХК.

Пјонгјанг годинава лансира проектили со невидена зачестеност, а последното е десетто лансирање годинава, што предизвика осуда од САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Северна Кореја ја употреби својата најголема интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во двете неодамнешни лансирања и се чини дека обновува некои тунели на својот полигон за нуклеарни тестирања, изјавија американските и јужнокорејските власти минатата недела.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе