Документарен филм

Севернокорејска телевизија објави досега невидени снимки од средбата на Трамп и Ким (ВИДЕО)

Севернокорејската државна телевизија објави досега невидени фотографии и снимки од неодамнешната средба на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен.

Државната телевизија на Северна Кореја објави документарен филм во траење од 42 минути во кој се гледаат сцени од патувањето на Ким Џонг Ун во кинески авион и досега неемитувани снимки од севернокорејскиот лидер во луксузниот хотел во кој се сретна со Трамп.

Некои од кадрите прикажуваат стотици Севернокорејци како фанатично плескаат и мафтаат со државни знамиња додека ги гледаат снимките од слетувањето на авион со кој Ким Џонг Ун пристигна во Сингапур на средбата со американскиот претседател.

Со ентузијастична звучна подлога, документарецот содржи снимки од патувањето на Ким во Сингапур и го следи од пристигнувањето во неделата до заминувањето во вторникот навечер.

Камерите на севернокорејската телевизија се посебно фокусирани на насмеаните лица на жителите на Сингапур кои се обидувале со своите мобилни телефони да го снимат Ким додека шетал по улиците на Сингапур.

„Улиците беа преполни со луѓе кои му се восхитуваа на врховниот лидер поради неговите брилијантни политички вештини кои ги користи во водењето на комплексните меѓународни политички настани“, кажува нараторот во документарецот на севернокорејската државна телевизија.

Освен на вообичаеното славење на севернокорејскиот диктатор, документарецот се фокусира и на самиот Сингапур како успешна капиталистичка држава, што преставува своевидно отстапување од нормата. Севернокорејските медиуми досега се воздржуваа од прикажување на успесите на странските држави.

Дилмот завршува со кадри на триумфалното враќање на Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, а стотици насобрани луѓе мафтаат со државни знамиња.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе