Северноирските унионисти сакаат да го соборат Џонсоновиот договор за брегзит во парламентот

Соборувањето на договорот за брегзит на британскиот премиер Борис Џонсон ќе отвори подобри можности за британската влада и северноирските унионисти, кои со својата поддршка во парламентот го држеа Џонсон на власт, тие ќе лобираат меѓу другите пратеници на британскиот парламент да не го поддржуваат новиот договор за излез на Велика Британија од Европската унија, изјави портпарол на партијата.

Сами Вилсон, пратеник од Демократската унионистичка партија, за Би-би-си изјави дека десет пратеници од таа партија во парламентот ќе гласаат против договорот на Џонсон на вонредната седница во сабота.

„Ќе ги охрабриме (другите пратеници да гласаат против) затоа што веруваме дека тоа влијае на единството на Велика Британија и ќе го зајакне национализмот во Шкотска и ќе биде погубен за економијата на Северна Ирска“, рече тој.

„Соборувањето, не е крај на играта. Всушност, веројатно по општите избори за владата ќе отвори можности кои сега не се достапни“.

Британскиот премиер Борис Џонсон во сабота го чека ден на одлука во парламентот, откако во четвртокот во последен момент постигна договор со Брисел за излез на Велика Британија од Европската унија.

Парламентот на вонредна седница во сабота ќе гласа за прифаќање на Џонсоновиот договор. Британците треба да ја напуштат ЕУ на 31 октомври.

Парламентот ќе се состане во сабота од 8 часот и 30 минути по локално време. Тоа ќе биде прва вонредна сесија од 1982 година на која се расправало за аргентинската инвазија на Фолкландските острови.

Џонсон ќе се обрати пред пратениците, по што ќе следи 90-минутна расправа и гласање.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе