Воведуваат строги мерки

Северна Кореја за прв пат од почетокот на пандемијата потврди присуство на ковид

Северна Кореја денеска официјално го потврди првиот случај на зараза со вирусот ковид-19 во земјата, а државните медиуми јавуваат дека во Пјонгјанг е откриена позаразната подваријанта на вирусот омикрон позната како БА.2, јави Гардијан.

EPA-EFE/KCNA

„Дојде до најголемата вонредна ситуација во земјата поради појава на пукнатина во нашиот карантински фронт, кој успешно го штитевме во изминатите две години и три месеци“, објавија државните медиуми.

Во извештајот се наведува дека луѓе во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без да се наведат детали за бројот на случаи или можни извори на инфекција.

Северна Кореја тврди дека не регистрирала ниту еден случај на ковид-19 откако ги затвори своите граници на почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.

Истовремено со оваа објава, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претседавал со состанокот на владејачката Работничка партија на кој се разговарало за одговорите на првата појава на епидемијата на коронавирус во земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KCNA

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе