Северна Кореја воведува поинтензивни мерки против коронавирусот (ВИДЕО)

Контроли на температурата, средства за дезинфекција и заштитни маси им се на располагање на корисниците на јавниот превоз во Пјонгјанг додека Северна Кореја ја интензивира борбата против коронавирусот.

EPA-EFE

Северна Кореја, чиј лош медицински систем тешко би се носел со епидемија на коронавирусот, тврди дека на свое тло сѐ уште не забележала ниеден случај на ковид-19.

Земјата на крајот на јули прогласи „вонредна состојба“ откако беше регистриран првиот потенцијален заразен, а државните медиуми известија дека станува збор за лице кое нелегално ја минало границата од Јужна Кореја.

Пјонгјанг сѐ уште не објави дали лицето било заразено или не.

Од дипломатска гледна точка на Северна Кореја зараза од Јужна Кореја повеќе би ѝ одговарала отколку да го добие вирусот од Кина, главната сојузничка на режимот во Пјонгајнг.

Според снимките објавени вчера, патници со заштитни маски стојат во ред за да ги дезинфицираат рацете пред да влезат во автобус во севернокорејската престолнина.

На железничката станица на главниот град исто така сите патници носеле маски додека чекале да им ја измерат температурата пред да влезат во зградата на станицата.

Северна Кореја на крајот на јануари ги затвори границите, кога во Кина се разгоре епидемијата, и одреди драстични ограничувања на своето население, особено околу ограничувањето на движењето.

Имајќи го предвид ширењето на вирусот во светот, експертите сметаат дека во таа земја нема заболени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе