Северна Кореја вели дека САД немаат што да ѝ понудат во нуклеарните преговори

Северна Кореја денес соопшти дека САД нема што да ѝ понудат во можните обновени разговори, чија цел, од американска перспектива, е да го наговорат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, откако Вашингтон порача дека е спремен да преземе „конкретни чекори“ кон обезбедување договор.

Пјонгјанг ги критикуваше САД поради свикувањето на Советот за безбедност на ОН во средата и рече дека тоа е „глупав потег“, кој би можел да придонесе Северна Кореја да донесе јасна одлука.

„САД зборуваат за дијалог секогаш кога ќе ја отворат устата, но многу е природно САД да немаат што да ни понудат, иако дијалогот би можел да се придвижи“, изјави портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи во соопштението што го пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Советот за безбедност од 15 членки се сретна поради растечката загриженост дека Северна Кореја може да ги продолжи тестирањата на нуклеарните проектили или проектилите со долг дострел, суспендирани од 2017, затоа што се во застој преговорите на Пјонгјанг и Вашингтон околу денуклеаризацијата.

Американската претставничка во ОН, Кели Крафт, кажа дека САД се спремни „симултано да преземат конкретни чекори“, според договорот за нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја, но додаде дека Советот за безбедност мора да биде спремен да одговори на секоја провокација.

„САД зборуваат за „соодветна реакција“. Меѓутоа, како што објавивме, немаме повеќе што да изгубиме и спремни сме да преземеме соодветни контрамерки за сѐ што ќе одлучат САД“, кажа севернокорејскиот портпарол.

Американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Биган ќе го посети Сеул следната недела и ќе се сретне со јужнокорејски функционери, што многумина го толкуваат како обид за „спасување“ на дијалогот со Северна Кореја пред истекувањето на рокот на 31 декември.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им даде на САД рок до крајот на годината да ја отфрли „непријателската политика“ кон Пјонгјанг и да понуди нешто друго освен барања за еднострано разоружување.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе