Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

Северна Кореја усвои закон што дозволува превентивни нуклеарни напади, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Фото: ЕПА

„Доколку командниот и контролниот систем на националните нуклеарни сили е во опасност да биде нападнат од странски непријателски сили, нуклеарен напад се изведува автоматски и веднаш“, се наведува во законот, пренесува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја „неповратно доби статус на држава со нуклеарно оружје“.

Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Американските и јужнокорејските власти предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе