Целта на ова тестирање биал проверка на технолошките и тактичките спецификации на системот, пишува КЦНА.
Северна Кореја вчера лансираше два балистички проектили со краток дострел во Јапонсото Море. Ова беше четврто тестирање на Пјонгјанг овој месец по тримесечната пауза.
Двата проектили биле лансирани од градот Вонсан од источиот брег на Северна Кореја. Двата проектили летале околу 230 километри и достигнале висина од 30 километри, наведе воената команда на Јужна Кореја.
На Пјонгјанг со резолуција на ОН му е забрането тестирање балистички проектили и наметнати му се строги меѓународни санкции за да го одвратат од развојот на ракети со нуклеарни боеви глави.
Глобалната загриженост на Северна Кореја порасна на крајот на 2019 кога Пјонгјанг наметна рок од една година за ослободување од американските санкции и се закани со „божиќен подарок“, што беше протолкувано како тестирање на оружје доколку не имс е исполнат барањата.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 1 јануари кажа дека светот ќе види „ново стратегиско оружје“ во блиска иднина.