Северна Кореја упати сериозни обвинувања: Вашингтон води биолошка војна во Украина

Северна Кореја ги обвини САД дека произведуваат биолошко оружје во Украина, повторувајќи ги истите руски обвинувања кои ОН ги отфрлија во март.

Фото: ЕПА

Вашингтон „формираше бројни биолошки лаборатории во десетици земји и региони, меѓу кои е и Украина, непочитувајќи ги меѓународните договори“, соопшти во неделата официјалната корејска централна новинска агенција (КЦНА), повикувајќи се на, како што рече, она што е „откриено“ од Русија.

Москва во март го обвини Вашингтон дека финансира истражување за развој на биолошко оружје во Украина, која Русија ја нападна пред речиси пет месеци.

Вашингтон и Киев го негираа постоењето на лаборатории наменети за производство на биолошко оружје во Украина, а Соединетите Држави велат дека наводите се знак дека Москва самата може да користи таква тактика.

Пјонгјанг, сојузникот на Москва, исто така го обвини Вашингтон дека е „нарачател на биолошки тероризам што го втурнува човештвото во уништување“ и дека водел бактериолошка војна за време на Корејската војна во текот на 1950-тите.

Тврдењата за Корејската војна веќе неколку пати беа изнесени од Пјонгјанг, Пекинг и Москва, а Вашингтон ги отфрли овие наводи.

Во февруари Пјонгјанг изјави дека американската политика е „основната причина за украинската криза“.

Северна Кореја овој месец официјално ги призна двете самопрогласени проруски сепаратистички области во источна Украина, што го натера Киев да ги прекине дипломатските врски со Северна Кореја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе